„Во следните 10 години, со растот на Халкбанк ќе се зголеми благосостојбата на луѓето“ – 10 брзи прашања со Билал Суџубаши, Главен извршен директор на Халкбанк
10-годишнината на Халкбанк на македонскиот пазар навистина е светол пример за стабилна, безбедна и долгорочна компаниска стратегија. Компанијата, која пред 10 години броеше 23 филијали и 270 вработени, денес може гордо да се пофали со 45 филијали низ државата, 670 вработени и исклучителна грижа за своите корисници, за заедницата и за својот тим.
Во видеоинтервјуто со господин Суџубаши, сведоци сме на кратката, јасна и детална стратегија на компанијата за следните 10 години, на светлите перспективи на македонскиот пазар и на целата заедница воопшто.
Видеоинтервјуто со Главниот извршен директор на Халкбанк, Билал Суџубаши, е дел од 10-годишнината од постоењето на Халкбанк на македонскиот пазар. Како и досега, Халкбанк продолжува со инвестирање во луѓето, во нивниот потенцијал и во нивната светла иднина.
Слични информации
Штедете без ограничувања, со пристап до вашите средства во секое време
Многумина сакаат да штедат, но истовремено да имаат слобода да располагаат со своите пари кога... прочитај повеќе
Стани дел од ХалкЕЗ заедницата и стигни до EXIT 2024
Денеска стартува наградната игра „Стани дел од ХалкЕЗ заедницата и стигни до EXIT 2024” во организација... прочитај повеќе
Конференција ,,Чувари на мудроста”
На 31 март во Скопје ќе се одржи првата конференција „Чувари на мудроста“ на... прочитај повеќе




























