
Сениор Сметководител
- Категорија
- Ниво на позиција
- Плата/
Унија ЕТЛ Акаунтинг го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:
Сениор Сметководител
Брзината стана новата валута. Рутината се автоматизира. AI ги забрзува процесите. Изгледа како машините да ќе преземат сè.
Но довербата не се автоматизира. Довербата се гради — со знаење, смиреност и вистински зборови во вистинскиот момент.
Кога клиентот прашува: „Што значи ова за мене?“ — одговорот не е извештај. Одговорот е експерт. Затоа бараме Сениор Сметководител.
Некој што ќе знае сложеното да го објасни едноставно. Што ќе биде потпора за тимот. И што секојпат ќе си постави повисок стандард.
Ако веруваш дека стручноста вреди повеќе од брзината — ајде да разговараме.
За нас:
Унија ETL Акаунтинг е меѓународна сметководствена компанија која е дел од водечката светска ETL мрежа. Нудиме висококвалитетни услуги во областа на сметководство, советување и напредни ИТ решенија.
Нашите клиенти се водечките меѓународни и домашни компании кои имаат потреба од врвна и сигурна поддршка. Нашите колеги се водечки стручњаци во своите области, а редовната и систематска едукација гарантира дека тоа така и ќе остане. Нашата амбиција е да обезбедиме инспиративна работна средина и висока бизнис култура.
Работно место:
Како Сениор Сметководител, ќе работите со нашите клиенти, советувајќи ги и помагајќи им да најдат оптимални решенија.
Вашите задачи исто така ќе вклучуваат:
- Контрола и евидентирање на сметководствените промени;
- Подготовка и пресметка на ДДВ;
- Подготовка на месечни извештаи за клиентите;
- Подготовка на завршни сметки и даночни пријави.
Бенефити:
Како вработени во Унија група, имаме бројни поволности кои ни овозможуваат да напредуваме во професионален и личен контекст. На тој начин можеме подобро да се грижиме за квалитетот, односите се многу подобри, а работата едноставно попријатна. На сите вработени им нудиме:
- Индивидуален годишен буџет за образование;
- Систематска грижа за можностите за професионален развој и напредување;
- Слободен ден за роденден;
- Можност за избор на хибриден модел на работа (2 дена во канцеларија, 3 дена на далечина);
- Можност за работа од дома (1 ден) за сите кои нема да го изберат хибридниот модел на работа;
- Скратено работно време во петок;
- Просторија за релаксирање во канцеларија;
- Овошје, кафе, вода во канцеларија;
- Можете повремено да работите во која било од единиците на компанијата во регионот, од Љубљана и Загреб, до Сараево, Белград и Подгорица, па дури и во Тиват и Задар.
Специјални предности на вашето работно место:
- Варјабилно наградување;
- Флексибилно работно време.
Што очекуваме:
- Универзитетско образование од економските науки;
- Најмалку 4 години работно искуство во областа на сметководството;
- Познавање на англиски јазик, и српски или хрватски, додека познавањето на германски јазик се смета за дополнителна предност;
- Познавање на Pantheon ERP или друг светски познат ERP програм се смета за предност.
Локација:
- Работното место на Сениор Сметководител се наоѓа на адресата ул. 8. Ударна Бригада, бр. 39, Центар Скопје.
Пријава:
Доколку сметате дека позицијата Сметководител за пресметка на плати е интересен предизвик во вашата кариера и сакате да работите со нас, Ве покануваме да се пријавите преку формуларот за аплицирање и белото копче Аплицирај.
Сите останати активни огласи од
Унија ЕТЛ Акаунтинг
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче















































