
Референт за продажба и работа со клиенти
- Категорија
- Плата
Основна плата + провизија од продажба + бонус за резултати

Тесла Лед е компанија специјализирана за производство и продажба на LED дисплеи, светлечки реклами, 3D реклами.
Соработуваме со фирми, маркетинг агенции, инвеститори, како и со приватни клиенти кои бараат квалитетни рекламни решенија и светлечки инсталации.
Тесла Лед го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:
Референт за продажба и работа со клиенти
Опис на работната позиција:
- Позицијата подразбира активно учество во продажниот процес и директна работа со клиенти. Кандидатот ќе подготвува и договара проекти, водејќи ја целата продажба од понуда до реализација.
Главни одговорности:
- Активна продажба на LED дисплеи, светлечки реклами, 3D реклами и други рекламни решенија;
- Директна комуникација и состаноци со фирми, агенции и индивидуални клиенти;
- Советување клиенти при избор на производи според намена, дизајн, квалитет и буџет;
- Подготовка на детални понуди и пресметки во Microsoft Word и Excel;
- Водење на точна и навремена документација за сите продажни активности;
- Административна обработка и контрола на податоците на клиентите;
- Координација со целиот тим – добавувачи, производство и монтажна екипа;
- Посета и грижа за постоечките проекти за развивање долгорочна соработка;
- Изработка на месечни и квартални статистики за продажбата и трендовите;
- Развој и учество во подобрување на продажбата во компанијата.
Потребни квалификации:
- Претходно искуство во продажба (предност е искуство со реклами, светлечки решенија или B2B продажба);
- Одлични комуникациски и преговарачки способности;
- Познавање на Microsoft Word и Excel;
- Познавање на англиски јазик е предност;
- Организираност, одговорност и точност;
- Способност за тимска, самостојна и работа со рокови.
Нудиме:
- Основна плата + провизија од продажба + бонус за резултати;
- Работно време: од 09 до 17 часот, понеделник – петок;
- Можност за професионален развој и напредување;
- Работа во стабилна, растечка и професионална компанија.
Аплицирање:
Испратете CV преку белото копче Аплицирај или обратете се на: 078/355 377.
Повеќе информации за компанијата: https://teslaled.mk
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче



























