ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа Диамед Скопје е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области.

Специјалната болница Диамед, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација.

За потребите на Установата, имаме потреба од:

Специјалист по медицинска биохемија

Работно место:

Болничка лабораторија во рамки на специјализирана установа за нефрологија, хемодијализа, интерна медицина и медицина на труд.

Потребни квалификации:

  • Завршена специјализација по медицинска биохемија;
  • Важечка лиценца за работа;
  • Познавање на стандарди за квалитет (ISO стандарди, интерна и екстерна контрола на квалитет);
  • Познавање на лабораториски информатички системи;
  • Организациски способности и одговорност;
  • Тимска работа.

 Работни обврски:

  • Следење и интерпретација на биохемиски параметри кај пациенти.

 Организациски и стручни обврски:

  • Организација и надзор на лабораторискиот процес;
  • Имплементација и следење на протоколи и SOP;
  • Контрола и унапредување на системот за квалитет;
  • Соработка со менаџмент во развој на лабораториски услуги;
  • Надзор и координација на лабораториски персонал;
  • Учество во едукации, научни активности и континуирана медицинска едукација.

Личен профил:

  • Професионален однос кон работата;
  • Почитување на правила и кодекс на работа;
  • Дисциплинираност;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Способност за брза реакција;
  • Флексибилност;
  • Доверливост.

Нудиме:

  • Работа во високо специјализирана приватна здравствена установа;
  • Мултидисциплинарен пристап (нефрологија, дијализа, интерна медицина, медицина на труд);
  • Современа лабораториска опрема;
  • Можност за професионален развој и научна соработка;
  • Конкурентен финансиски пакет согласно искуство.

Аплицирање:

Заинтересираните кандидати да достават:

  • CV;
  • Копија од диплома и лиценца;
  • Мотивациско писмо.

Доколку ги исполнувате наведените услови и сакате да работите во динамична интернационална компанија, со можност за професионално усовршување и напредување, Вашата биографија со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, доставете ја најдоцна до 24.04.2026 година преку белото копче Аплицирај.