• Категорија
  • Плата

    Солидни и редовни месечни примања

ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа Диамед Скопје е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области.

Специјалната болница Диамед, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација.

За потребите на Установата, имаме потреба од:

Медицинско – лабораториски техничар

 Потребни квалификации:     

  • Средно стручно образование;
  • Најмалку 1 година работно искуство;
  • Да поседува уверение за положен стручен испит за Медицински лаборант/Медицинско-лабораториски техничар;
  • Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office.

Потребни карактеристики и вештини:

  • Способност за брзо учење;
  • Организираност, способност за тимска работа;
  • Развиени комуникациски вештини.

Што нудиме:

  • Можност за професионален развој и надоградба;
  • Работа во компанија која е дел од странска групација;
  • Солидни и редовни месечни примања согласно законската и подзаконската регулатива во Р.С Македонија.

Доколку ги исполнувате наведените услови и сакате да работите во динамична интернационална компанија, со можност за професионално усовршување и напредување, Вашата биографија со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, доставете ја најдоцна до 24.04.2026 година преку белото копче Аплицирај.