
Доктор Специјалист – Интернист
- Категорија
- Плата
Солидни и редовни месечни примања

ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа Диамед Скопје е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области.
Специјалната болница Диамед, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација. За потребите на Установата, имаме потреба од:
Доктор Специјалист – Интернист
Потребни квалификации:
- ВСС Медицински факултет;
- Специјализација по интерна медицина;
- Да поседува важечка лиценца за работа;
- Со или без работно искуство во дијализа;
- Познавање на работа со Ехо апарат;
- Солидно познавање на Англиски јазик;
- Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office.
Потребни карактеристики и вештини:
- Способност за брзо учење;
- Развиени комуникациски вештини;
- Организираност, самоиницијативност и стручност.
Што нудиме:
- Можност за професионален развој и надоградба;
- Работа во компанија која е дел од странска групација;
- Солидни и редовни месечни примања согласно законската и подзаконската регулатива во РМ.
Доколку ги исполнувате наведените услови и сакате да работите во динамична интернационална компанија, со можност за професионално усовршување и напредување, Вашата биографија со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, доставете ја најдоцна до 25.02.2026 година преку белото копче Аплицирај.
Сите останати активни огласи од
ПЗУ Специјална болница Диамед
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче





































