ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа Диамед Скопје е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области.

Специјалната болница Диамед, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација. За потребите на Установата,  имаме потреба од:

Болничар

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование;
  • Со работно искуство.

Потребни карактеристики и вештини:

  • Способност за брзо учење;
  • Развиени комуникациски вештини;
  • Организираност, способност за тимска работа;
  • Желба за работа со пациенти.

Доколку сметате дека ги исполнувате погоренаведените услови, Ве охрабруваме да ни ја испратите Вашата биографија со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, најдоцна до 25.02.2026 година преку белото копче Аплицирај.