• Категорија
  • Плата

    стимулативна плата и бонуси според постигнати резултати

Стани дел од најдобриот тим!

Орто Дента ЕС вработува:

Медицински комерцијален претставник
во сектор продажба

Доколку си комуникативен/на, мотивиран/а и имаш желба за професионален развој во динамична и успешна компанија – ова е вистинската можност за тебе!

Опис на работните задачи:

  • Активна промоција и продажба на стоматолошки и медицински производи;
  • Посета на стоматолошки ординации, клиники и лаборатории, како и медицински установи;
  • Презентација на производи, едукација и советување на клиенти;
  • Активно учество во организација на курсевите кои се дел од едукативниот центар;
  • Градење и одржување на долгорочни деловни односи со клиенти;
  • Следење на пазарот, конкурентни активности и учество на професионални настани;
  • Изработка на извештаи и постигнување на продажни цели.

Потребни квалификации:

  • Високо образование во областа на стоматологијата, медицината или сродна биомедицинска насока;
  • Предност имаат кандидати со искуство во продажба или медицинско претставување;
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини;
  • Активна возачка дозвола – Б категорија;
  • Проактивност, тимски дух и ориентираност кон резултати.

Нудиме:

  • Работа во стабилна и реномирана компанија;
  • Стимулативна плата и бонуси според постигнати резултати;
  • Обука и континуирана поддршка;
  • Можност за професионален развој и напредување;
  • Пријатна и динамична работна средина.

Начин на аплицирање:

Испратете кратка биографија (CV) со фотографија преку белото копче Аплицирај.