Административен работник – Сметководител

Kinosens – 7D Planet има потреба од Административен работник – Сметководител за извршување на тековни административни и сметководствени задачи.

Работно место: Скопје, Визбегово


Опис на работни задачи:

  • Внесување и обработка на финансиска и сметководствена документација;
  • Подготовка на фактури, извештаи и финансиски евиденции;
  • Комуникација со клиенти и добавувачи;
  • Следење на законски прописи и рокови;
  • Поддршка на сметководствениот тим и административни задачи.

Потребни квалификации:

  • Завршено средно или високо образование од областа на економија/сметководство;
  • Претходно работно искуство во сметководство;
  • Претходно познавање на Zonel софтвер ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со MS Office (Excel, Word);
  • Организираност, прецизност и одговорност;
  • Способност за тимска работа и почитување на процедури и рокови.

Услови:

  • Работно време: од 08:30 до 16:30 часот (понеделник – петок);
  • Бонуси и исплата на К-15;
  • 20 дена годишен одмор;
  • Работа во стабилна компанија и во објект со современи услови за работа;
  • Можност за напредување и професионален развој;
  • Организиран превоз.

Аплицирајте со испраќање на Вашата биографија преку белото копче Аплицирај.