• Категорија
  • Плата

    Компетитивна плата (во зависност од искуството) + БОНУСИ

Фирмата ЈАСС – Скопје успешно работи 25 години на македонскиот пазар со генерално застапување на повеќе реномирани светски брендови.

Поради ширење на бизнисот има потреба од вработување на стручни лица во полето на комерцијата:

Комерцијалист во медицина

Опис на работата:

  • Понуда, промоција и презентација на производите (козметика и витамини) на потенцијални и постоечки клиенти, што вклучува доктори и фармацевти низ цела Македонија;
  • Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти;
  • Реализација на посети согласно планот за продажба;
  • Пишување редовни извештаи;
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар.

Потребни квалификации:

  • Комерцијални и презентациски вештини;
  • Возачка дозвола – категорија Б и подготвеност за активно возење;
  • Компјутерска писменост: познавање и работа со MS Office;
  • Самодоверба, одлучност и упорност;
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Високо образование во областа на Медицина/Исхрана/Фармакологија/Биохемија ќе се смета за предност;
  • Искуство во продажба и промоција на медицински производи и услуги ќе се смета за предност.

Нудиме:

  • Динамична и одговорна позиција во успешна компанија;
  • Компетитивна плата во зависност од вашето искуство и дополнително БОНУСИ;
  • Службено возило за посета на здравствените работници, мобилен телефон и лап топ;
  • Можност за работа за врвни брендови на пазарот;
  • 25 денови за одмор;
  • Позитивна култура, високо компетентен тим и колегијалност;
  • Континуирана можност за напредување;
  • Можност за сами да си го организирате вашето работно време и обврски, во склад со бизнис стратегијата;
  • Неделно работно време: од понеделник до петок, 8 часа на ден.

Доколку сте заинтересирани пратете го вашето CV преку белото копче Аплицирај најдоцна до 23.02.2026 година.