
Металостругар – работа на универзален струг
- Категорија
- Плата50.000 МКД
основна плата, можност за зголемување
![]()
Gumold објавува Оглас за работно место:
Металостругар –
работа на универзален струг
Компанијата Gumold има потреба од одговорна и мотивирана личност за работа на универзален струг во производствениот процес на метални делови и валци.
Потребни квалификации:
- Средно или основно образование;
- Пожелно претходно искуство со стругови или метална обработка;
- Може да аплицираат и кандидати без искуство (обезбедена обука).
Потребни карактерни особини:
- Дисциплина и одговорност во извршување на задачите;
- Внимателно и безбедно ракување со машините;
- Тимска работа и комуникација со колегите;
- Организираност и посветеност на работата.
Компанијата нуди:
- Основна плата – 50.000 денари;
- Договор за вработување (определено со можност за продолжување на неопределено време);
- Обука за работа на универзален струг;
- Можност за напредување и зголемување на плата;
- Работа во две смени, од понеделник до петок;
- 40 работни часа неделно;
- Стабилна и долгорочна работа.
Работни задачи и одговорности:
- Работа на универзален струг за обработка на метални делови и валци;
- Изработка и финална обработка на метални делови;
- Одржување на ред и чистота во работниот простор;
- Почитување на правилата за безбедност при работа.
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати можат да достават свое CV со назнака „Машински работник – универзален струг“ преку белото копче Аплицирај.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Сите останати активни огласи од
Gumold
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче



























