
Агент за продажба на недвижности
- Категорија
- Плата
Конкурентна плата

Golden Art е градежна и инвестициска компанија со повеќе од 20 години континуирано присуство на пазарот, со сопствени инвестиции, проектирање, надзор и изведба на станбени и деловни објекти.
Како дел од континуираниот развој на системот и професионализацијата на процесите, го зајакнуваме нашиот тим во рамки на Сектор за продажба и маркетинг и отвораме позиција:
Агент за продажба на недвижности
Опис на работната позиција:
Агентот за продажба е дел од Секторот за продажба и маркетинг и работи согласно внатрешните процедури, стандарди и процеси на Golden Art.
Основни одговорности:
- Активна продажба на станови и деловни простории од проектите на Golden Art;
- Директна и професионална комуникација со потенцијални купувачи;
- Презентирање на објекти, станови и услови за купување;
- Водење на евиденција за клиенти, интерес и статусна продажба;
- Работа со гласно продажната стратегија по проект;
- Почитување на внатрешните правила, процедури и стандарди за комуникација соклиенти;
- Активно учество во подобрување на продажните процеси.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование (предност, но не е исклучувачки услов);
- Претходно работно искуство во продажба (предност е продажба на недвижности);
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
- Способност за професионална комуникација со клиенти;
- Организираност, дисциплина и одговорност;
- Подготвеност за работа во структуриран и системски организиран тим;
- Ориентираност кон резултати и квалитетна услуга кон клиентите;
- Познавање на англиски јазик, MS Office, Excel;
- Предност: Pantheon и ClickUp.
Нудиме:
- Работа во стабилна и долгорочно ориентирана компанија;
- Конкурентна плата;
- Јасно дефинирани улоги, процеси и одговорности;
- Работа во современо поставен продажен систем;
- Можност за професионален развој и напредување во рамки на Секторот за продажба и маркетинг;
- Директна вклученост во реални инвестициски проекти.
Начин на аплицирање:
- Заинтересираните кандидати да достават кратка биографија (CV) преку белото копче Аплицирај или да се обратат 070/236 407;
- Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за интервју;
- Рок за аплицирање: 15.03.2026 година;
- Сите апликации ќе бидат третирани доверливо.
Сите останати активни огласи од
Golden Art
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче






































