
Продажен асистент
- Категорија
- Плата/

Електронабава го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:
Продажен асистент
Локација: Скопје
Опис на работни задачи:
- Директна презентација и продажба на производите од нашето портфолио (расвета и електроматеријали);
- Помош на клиентите при избор на производи и обезбедување на потребните информации;
- Комуникација со клиенти преку телефон, е-маил и социјални медиуми;
- Подготовка на понуди и поддршка во продажниот процес;
- Одржување и надополнување на содржината на социјалните мрежи на компанијата;
- Активно учество со идеи за креирање на нова содржина, фотографии и видеа за промоција на производите;
- Обезбедување високо ниво на услуга и задоволство на клиентите.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование;
- Познавање од областа на електрика или претходно искуство во слична дејност;
- Доколку кандидатот нема искуство, потребна е желба за учење и надградување;
- Комуникативност и позитивен пристап кон клиенти;
- Креативност и позитивен пристап кон идеи за маркетинг и социјални мрежи;
- Основно познавање на компјутери, интернет и социјални медиуми;
- Познавање на англиски јазик.
Личен профил:
- Комуникативна и одговорна личност;
- Ориентираност кон клиенти;
- Организираност и тимска работа;
- Мотивираност за учење и професионален развој.
Нудиме:
- Работа во модерен продажен салон;
- Пријатна работна атмосфера;
- Можност за континуирано зголемување на платата во зависност од ангажираноста и резултатите;
- Можност за развој и стекнување знаење во областа на електрика и расвета;
- Работа во две смени.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати може да испратат CV преку белото копче Аплицирај.
Контакт за повеќе информации: 070/331 166
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче



























