
Теренски комерцијалист – Продажен агент
- Категорија
- Плата
месечна плата по договор

За нас:
На пазарот во Македонија AG Sembol успешно работи како дистрибутер и застапник на познати брендови како Vipa Chips, 7 Sticks, Crazy гуми за џвакање, Chapo и Bambo сокови, нудејќи квалитетни производи и сигурна услуга.
Нашата мисија е континуирано да го унапредуваме работењето, да ја шириме дистрибутивната мрежа и да ги следиме современите трендови, со цел да обезбедиме достапност, доверба и долгорочна соработка со нашите партнери и клиенти.
AG Sembol го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:
Теренски комерцијалист –
Продажен агент
Реон: Струмица, Гевгелија, Радовиш, Кочани, Штип
Потребни квалификации и лични карактеристики:
- Минимум завршено средно образование;
- Претходно работно искуство во продажба;
- Возачка дозвола Б – категориjа (активен возач);
- Развиени комуникациски способности;
- Преговарачки вештини;
- Одговорна и чесна личност;
- Способност за тимска работа;
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
- Флексибилност за работа на терен.
Опис на работни задачи:
- Одговорен е за навремена наплата на сите доспеани долгувања, како и за целокупното административно водење на продажба;
- Работа со ТТ објекти и клучни клиенти;
- Планирање и организирање на продажни активности;
- Исполнување на зададени цели за продажба;
- Развивање и одржување на односите со клиентите;
- Развивање на продажбата.
Што нудиме:
- Работно време: понеделник – петок;
- Службено возило и мобилен телефон;
- Можност за професионален развој и унапредување;
- Месечна плата по договор.
Заинтересираните кандидати кратка биографија (CV) да испратат преку белото копче Аплицирај.
Контакт за повеќе информации: 076/202 943
Сите останати активни огласи од
AG Sembol
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче
































