Клиничката болница “Аџибадем Систина”  има потреба од искусен и мотивиран Менаџер во Call Center кој ќе има клучна улога во управување со тимот, зголемување на ефикасноста и одржување на висок стандард на услуга.

Опис на работното место:

  • Организација и координација на дневни активности на администраторите во Call Center;
  • Одговорен е за обучување на новиот кадар во одделот;
  • Го надгледува извршувањето на задачите и обезбедува навремено и квалитетно одговарање на повиците;
  • Подготвува дневни, неделни и месечни извештаи за продуктивноста на одделот;
  • Ги организира работните смени за оптимален тек на работењето;
  • Соработка и секојдневна комуникација со докторите, чии распореди на прегледи ги организира Call Center;
  • Решава проблеми кои можат да настанат во текот на работата и решава посложени барања од пациенти;
  • Организирање и водење на back office делот (одговарање на стигнати e-mail-ови од пациенти за закажување термини, креирање на термини за работа на нови доктори и сл.).

Потребни квалификации и познавања:                          

  • Завршено средно образование;
  • Минимум 2 години искуство во Call Center (ќе се смета за предност);
  • Високо развиени комуникациски, организациски и лидерски способности;
  • Одлични аналитички и проблем – решавачки вештини;
  • Способност за работа под притисок и брзо донесување одлуки;
  • Одлично познавање на англиски јазик, познавање на турски или албански јазик ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со комјутери;
  • Високо ниво на доверливост и етика.

Дополнителни информации:

  • Огласот е отворен 15 дена. Апликациите треба да бидат доставени преку белото копче Аплицирај или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје;
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по Огласот;
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана;
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.