
Административен асистент на Оддел за кардиохирургија
- Категорија
- Плата/

Клиничката болница „Аџибадем Систина”
има потреба од вработување на:
Административен асистент
на Оддел за кардиохирургија
Опис на работното место:
- Организација и координација на дневни административни активности на одделот, со цел негово непречено функционирање и квалитетна услуга кон пациентите;
- Закажување прегледи, интервенции и состаноци;
- Комуникација со пациенти и нивните семејства (лично и телефонски);
- Подготовка, обработка и архивирање на медицинска и административна документација;
- Подготовка на потребни извештаи;
- Организација на состаноци, стручни колегиуми и работни активности на одделот;
- Соработка и координација со другите оддели и институции;
- Почитување на процедурите за заштита на лични податоци и доверливост на информации.
Потребни квалификации и познавања:
- Завршено средно образование;
- Одлично познавање на англиски и албански јазик;
- Работно искуство како административен асистент ќе се смета за предност;
- Високо развиени комуникациски и организациски способности;
- Познавање на работа со комјутери;
- Високо ниво на доверливост и етика.
Дополнителни информации:
- Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени преку белото копче Аплицирај или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје;
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по Огласот;
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.
Сите останати активни огласи од
Аџибадем Систина
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче














































