Клиничката болница „Аџибадем Систина”
има потреба од вработување на:

 Административен асистент на Менаџмент

Опис на работното место:

Административниот асистент на менаџмент ги организира и надгледува сите административни активности со цел непречено функционирање на дневните активности на канцеларии и сали за состаноци. Одговорен е за организирање на распореди на состаноци и настани, како и известување за истите, подготовка на деловна коресподенција, попис на средства и канцелариски материјали, координирање помеѓу сектори, примање и подредување на испораки.

Потребни квалификации и познавања:

  • Завршено соодветно високо образование;
  • Работно искуство како административен асистент ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со компјутери;
  • Одлично познавање англиски јазик;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Способност за организација и координирање;
  • Способност за тимска работа;
  • Висока работна етика;
  • Флексибилност.

Дополнителни информации:

  • Огласот е отворен 15 дена. Апликациите треба да бидат доставени преку белото копче Аплицирај или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по Огласот;
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.