Халкбанк започна со вршење SEPA трансфери во 40 земји членки
Халкбанк започна со вршење SEPA трансфери во 40 земји членки како нов чекор кон европските стандарди и дигиталното банкарство
Халкбанк АД Скопје, од денеска, 7 октомври 2025 година, започна со вршење кредитни трансфери во евра преку SEPA (Single Euro Payments Area) шемите на плаќање, овозможувајќи им на своите клиенти побрз, поедноставен и сигурен начин за трансфер на средства кон и од 40 земји членки.
Со воведувањето на SEPA трансферите, банката ја потврдува својата определба да ги следи современите финансиски трендови и да обезбедува решенија кои ги усогласуваат европските стандарди со потребите на локалните клиенти. SEPA овозможува поефикасни, поевтини и безбедни плаќања во евра, како за правни, така и за физички лица, со фиксни провизии од 250 денари за испраќање и 200 денари за примање средства, без разлика на износот на трансакцијата.
Халкбанк е современа дигитална банка со широк спектар онлајн производи и услуги, кои им овозможуваат на клиентите да управуваат со своите финансии од било кое место и во секое време. Банката нуди e-banking решенија, дигитални кредитни и платежни услуги, како и иновативни алатки за персонализирано управување со финансиските текови. Воведувањето на SEPA трансферите е природен продолжеток на оваа стратегија, овозможувајќи трансакции кои се брзи, сигурни и целосно дигитализирани.
Со SEPA трансферите, Халкбанк ја зацврстува својата улога како водечка дигитална финансиска институција која постојано ги следи трендовите и создава решенија прилагодени на потребите на клиентите. Сите услуги се развиени со фокус на удобноста и сигурноста на корисниците, овозможувајќи им секојдневното управување со финансии да биде едноставно и безгрижно, затоа што за Халкбанк – Важни се луѓето.
Слични информации
Запловете во неограничените можности на услугата Smartsend: Префлајте средства на лица од телефонскиот именик со неколку клика
Во денешниот свет во кој преовладува брзото и динамично темпо на живот, носењето готовина и... прочитај повеќе
Исполнете ги сите ваши итни потреби со дозволеното пречекорување на трансакциска сметка во Халкбанк
Предвремено трошење на расположливите парични средства може да му се случи на секој од нас.... прочитај повеќе
Плаќајте со апликацијата HalkPay и откријте ја нејзината супермоќ
Халкбанк АД Скопје е присутна цела деценија на македонскиот пазар и со секој производ, платформа... прочитај повеќе





























