
Продажен асистент
- Категорија
- Плата/

Smart Living го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:
Продажен асистент
во продажен салон Smart Living
Локација: Злокуќани, Скопје
Опис на задачи:
- Директна презентација на производите од портфолиото на нашите брендови;
- Организирање на продажбата, реализација на зададените планови и таргети;
- Комуникација преку е-маил, телефонски и преку социјални медиуми на прашањата од страна на крајните корисници, обезбедување на потребните информации барани од страна на клиентите;
- Обезбедување квалитетна поддршка/едукација кон крајните корисници и помош поврзани со производите кои ги нудиме.
Барани квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование;
- Одлични комуникациски и развиени презентерски способности;
- Познавање на работа со компјутери, интернет и социјални медиуми;
- Посветеност кон работата и обезбедување на високо корисничко задоволство;
- Основно познавање на производите кои ги нудиме;
- Познавање на англиски јазик.
Личен профил:
- Динамична и иницијативна личност;
- Ориентираност кон клиенти;
- Посветеност, лојалност и одговорност;
- Свесност за други култури;
- Грижа за беспрекорност.
Заинтересираните кандидати своја кратка биографија (CV) да проследат преку белото копче Аплицирај.
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче








































