
Специјалист по медицинска биохемија
- Категорија
- Плата
Конкурентен финансиски пакет (согласно искуство)

Специјалната болница по нефрологија со дијализа D.med Medical објавува Оглас за вработување на:
Специјалист по медицинска биохемија
Работно место:
Болничка лабораторија во рамки на специјализирана установа за нефрологија, хемодијализа, интерна медицина и медицина на труд.
Потребни квалификации:
- Завршена специјализација по медицинска биохемија;
- Важечка лиценца за работа;
- Познавање на стандарди за квалитет (ISO стандарди, интерна и екстерна контрола на квалитет);
- Познавање на лабораториски информатички системи;
- Организациски способности и одговорност;
- Тимска работа.
Работни обврски:
- Следење и интерпретација на биохемиски параметри кај пациенти.
Организациски и стручни обврски:
- Организација и надзор на лабораторискиот процес;
- Имплементација и следење на протоколи и SOP;
- Контрола и унапредување на системот за квалитет;
- Соработка со менаџмент во развој на лабораториски услуги;
- Надзор и координација на лабораториски персонал;
- Учество во едукации, научни активности и континуирана медицинска едукација.
Личен профил:
- Професионален однос кон работата;
- Почитување на правила и кодекс на работа;
- Дисциплинираност;
- Одлични комуникациски способности;
- Способност за брза реакција;
- Флексибилност;
- Доверливост.
Нудиме:
- Работа во високо специјализирана приватна здравствена установа;
- Мултидисциплинарен пристап (нефрологија, дијализа, интерна медицина, медицина на труд);
- Современа лабораториска опрема;
- Можност за професионален развој и научна соработка;
- Конкурентен финансиски пакет согласно искуство.
Аплицирање:
Заинтересираните кандидати да достават:
- CV;
- Копија од диплома и лиценца;
- Мотивациско писмо.
преку белото копче Аплицирај, со назнака: „Апликација – Специјалист по медицинска биохемија“.
Сите останати активни огласи од
ПЗУ Специјална болница Диамед
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче










































