Специјалист за Финансии

За нас

Грант Торнтон Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на Грант Торнтон Интернационал составена од независни ревизорски, даночни и советодавни фирми, со преку 73.000 луѓе во над 149 земји во светот. Ние сме тим од независни професионалци кои го ставаат квалитетот, инклузијата и интегритетот на прво место. Низ целиот свет им носиме поинакво искуство на нашите клиенти и на нашите луѓе. Проактивни и агилни обезбедуваме експертиза што им е потребна на клиентите на начин што оди подалеку од нивните очекувањата.

Клучните одговорности на ова работно место вклучуваат:

Специјалистот за Финансии треба да поседува солидни познавања од сметководство, финансиската анализа и финансиско известување. Оваа улога бара исклучителни аналитички вештини, прецизно внимание на деталите и способност за соработка со други оддели. Позицијата нуди одлична можност за некој кој сака да ја започне својата кариера во финансии и да стекне драгоцено искуство во динамична и колаборативна средина.

  • Финансиски трансакции: книжење, класификација и анализа на финансиските трансакции;
  • Известување: подготовка на финансиски извештаи, вклучувајќи книги, фактури и сметки;
  • Усогласеност: обезбедување на уогласеност со сметководствените стандарди и пропописи;
  • Анализа на податоци: составување и анализа на финансиски податоци;
  • Документација: подготовка на биланси и други финансиски документи;
  • Работа под надзор при извршување на различни сметководствени задачи;
  • Универзитетска диплома по финансии, сметководство, економија или сродна област;
  • Професионален сертификат ќе се смета за предност;
  • Одлично разбирање на сметководствени принципи и практики;
  • Познавање на англиски јазик.

Што можеме да ви понудиме?

  • Пријателска и динамична работна средина;
  • Разновидна и инклузивна култура;
  • Конкурентна програма за бонуси и плати;
  • Дополнителни слободни денови;
  • Платени обуки и професионални квалификации;
  • Флексибилен начин на работа;
  • Обука и советување од високи професионалци;
  • Иницијативи за корпоративнa одговорност;
  • Модерни канцеларии, пијалоци, овошје и храна;
  • Афтерворк и социјални настани;
  • Награди за лојалност на вработените;
  • Поддршка и помош на вработените.

За подобра информираност, разбирање и следен чекор…

Ако сте замислиле кариера која оди подалеку од вообичаеното работење, тогаш сте на вистинското место. Ние чекориме подалеку за да им понудиме поинакво искуство на нашите луѓе, нашите клиенти и нашата заедница.

Придружувањето на семејството на Грант Торнтон е лесно. Едноставно аплицирајте со испраќање на вашето ажурирано CV преку белото копче Аплицирај, а останатото препуштете го на нас.

Сите апликации ќе се третираат со доверливост и само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани.