Во Дуна веруваме дека најдобрата технологија нема вредност без луѓето што стојат зад неа. Затоа, веќе четврта деценија градиме тимови во кои знаењето, поддршката и човечкиот пристап се на прво место.

Со присуство во Македонија, Албанија и Србија, Дуна е стабилна и растечка компанија која ги следи светските IT трендови, но уште повеќе инвестира во своите луѓе. Ако бараш средина каде што ќе учиш, ќе напредуваш и ќе бидеш дел од тим што функционира како едно – ова е вистинското место за тебе.

Твојата улога во тимот:

Како Service Specialist, ќе бидеш дел од технички тим кој си помага, споделува знаење и заедно решава предизвици. Не бараме „совршен“ кандидат – бараме личност што сака технологија, сака да учи и сака да работи во тим каде секој придонес е важен.

Што ќе работиш:

  • Инсталација и основна конфигурација на мултифункциски уреди;
  • Техничка поддршка и решавање предизвици кај клиенти, со поддршка од тимот;
  • Планирани и вонредни технички интервенции;
  • Комуникација со корисници на пријателски и професионален начин;
  • Обука на корисници за полесно и поефикасно користење на уредите;
  • Континуирано запознавање со нови модели и технологии.

Што ни е важно:

  • Завршено средно или високо образование;
  • Подготвеност за тимска работа и учење;
  • Основни технички познавања и логично размислување;
  • Одговорност, организираност и позитивен пристап;
  • Претходно искуство е добредојдено, но не е задолжително.

Што добиваш кај нас:

  • Стабилна и сигурна работа во докажана компанија;
  • Поддршка од искусен тим кој реално помага;
  • Обуки и можност за професионален раст;
  • Пријатна, колегијална работна атмосфера;
  • Целосна техничка опременост за работа.
  • Долгорочна перспектива и развој.

Ако сакаш работа каде што не си „сам на терен“, туку дел од тим што стои зад тебе – аплицирај преку белото копче Аплицирај и запознај нè.