
Диспечер за продажба
- Категорија
- Плата
Редовна плата

All4Net e компанија препознатлива во регионот по продажба на активна и пасивна мрежна опрема од меѓународни брендови за што сведочат голем број задоволни корисници. Поради проширување на нашиот тим имаме потреба од:
Диспечер за продажба
Опис на работната позиција:
- Прием и обработка на нарачки од клиенти;
- Комуникација со клиенти (телефон / е-пошта);
- Координација помеѓу продажба, магацин и транспорт;
- Подготовка на понуди, профактури и основна документација;
- Следење на испораки и рокови;
- Внес и ажурирање податоци во систем.
Потребни квалификации:
- Завршено најмалку средно образование;
- Познавање на работа со компјутер (MS Office);
- Комуникативност и организациски способности;
- Одговорност и прецизност во работењето;
- Познавање на англиски јазик (предност);
- Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност.
Нудиме:
- Редовна плата и пријавување;
- Работа во стабилна компанија;
- Пријатна работна атмосфера;
- Можност за професионален развој.
Заинтересираните кандидати може да испратат CV преку белото копче Аплицирај.
Контакт телефон: 02/3217 799
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче










































