Друштвото за деловен консалтинг АИМ БИЗНИС ДЕВЕЛОПМЕНТ – Скопје кое друштво врши специјализирани услуги на деловен консалтинг на домашниот пазар со фокус на специјализирани консултантски услуги за развој на микро, мали и средни претпријатија има потреба од вработување на лице за работна позиција ПРИПРАВНИК – ПОМЛАД СОРАБОТНИК за деловно – правни и финансиски работи.

Опис на работните задачи:

Работната позиција опфаќа:

  • Стручно усовршување и извршување на административно – технички и правни работи за компанијата;
  • Стручно усовршување и извршување на административно – правни работи од делокруг на спроведување на деловната активност на компанијата наспрема клиентите;
  • Стручно усовршување и асистирање кон давање на специјализиран деловен консалтинг за клиентите во делот на можностите произлезени од важечките и инкорпорирани програми за финансиска поддршка на компаниите и подготовка на документација за нивно искористување;
  • Стручно усовршување и асистирање кон вршење на деловен консалтинг за имплементација на деловни инвестициони активности на клиентите и подготовка и изработка на документација за нивно планирање и имплементирање.

Потребни квалификации:

  • Амбициозност, доверливост и силно изразена мотивираност за професионална надградба;
  • Високо ниво на одговорност, комуникативност и професионалност;
  • Можност за извршување задачи во куси рокови и справување со работа под притисок;
  • Завршен правен или економски факултет;
  • Активно познавање на деловен англиски јазик и целосно познавање на MS Office пакетот.

Предност ќе имаат кандидатите со:

  • Претходно искуство во работа со правни, финансиски, сметководствени и административни работи во приватниот сектор вклучително приправнички стаж, пракса и волонтирање.

Нудиме:

  • Можности за личен и професионален развој;
  • Можности за стекнување на специјализирани квалификации во деловното работење;
  • Постојана обука и унапредување на работните квалификации;
  • Компетитивна плата и додатоци на плата.

Вашето CV испратете го преку белото копче Аплицирај, со назнака за Оглас за Приправник – Помлад Стручен соработник.

Краен рок за пријавување е 15.09.2024 година.