Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2025 година.

Согласно со Законот за празниците на Република Северна Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ:

  • 1 јануари (среда), Нова Година;
  • 7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар;
  • 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден;
  • 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
  • 1 мај (четврток), Ден на трудот;
  • 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители;
  • 2 август (сабота), Ден на Републиката;
  • 8 септември (понеделник), Ден на независноста;
  • 11 октомври (сабота), Ден на народното востание;
  • 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба;
  • 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божиќ;
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици);
  • 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден;
  • 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден;
  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден;
  • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци;
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божиќ. 

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

  • 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ:

  • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ:

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ:

  • 8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ:

  • 23 мај (петок), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ:

  • 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ:

  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:

  • 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.