Халкбанк пет години трансформира еко избори во секојдневни навики преку ХалкЕко
Петтoто издание на хронометар велосипедската трка Halk Velo Green ќе се одржи на 8. септември во Маврово, а сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, за учество можат да се пријават најдоцна до 3. септември преку www.smartrace.club. Велосипедската трка, петта година по ред ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco.
Стартот на трката ќе биде на големиот паркинг пред спортската сала, а на истото место ќе биде и целта. Се вози до пред Хотелот Радика каде се врти полукружно и потоа велосипедистите се враќаат назад по истата патека. Патеката е со должина од 22 км за натпреварувачите во категориите ХОБИ и ЈУНИОРИ, и 12 км за децата кои ќе се наптреваруваат во категоријата ДЕЦА.
Early Bird котизациите за регистрација од 600 денари ќе бидат актуелни до 15 август, а потоа пријавувањето ќе се врши со котизација од 800 денари. Како и изминатите години, така и оваа, сите собрани средства од котизации ќе бидат наменети за пошумување и заеднички допринос во зголемување на „зелениот фонд” на земјата.
И оваа година трката ќе биде организирана во три категории: ХОБИ, ДЕЦА и ЈУНИОРИ (во машка и женска конкуренција). Во секоја категорија, најбрзите ќе бидат наградени со парични награди, но на пиедесталот ќе има простор за истакнување и на најдобрите во старосните категории и најдобрите меѓу пријавените тимови.
За забавниот дел од програмата ќе се погрижат шоуменот Викса и ди-џеј Јорданов Александар, а за храната Jоjo’s barbecue. За најмалите ќе биде организирана и рекреативна трка со балансери и тротинети, а за тоа време ќе ги бодри добропознатиот Халки.
Велосипедската трка HalkVeloGreen е во знакот на тенденцијата на Халкбанк да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесува кон зачувување на животната средина, за што сведочи и апликацијата HalkEco (www.halkeco.mk). Со апликацијата, банката го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики. При извршување на активност како трчање, пешачење или возење велосипед, корисникот добива HalkCoins и освојува различни нивоа кои му носат низа подароци и финансиски бенефиции.
Сите детали и правила за HalkVeloGreen трката на Халкбанк, се поставени на веб страницата: halkvelogreen.mk
Слични информации
Конференција ,,Чувари на мудроста”
На 31 март во Скопје ќе се одржи првата конференција „Чувари на мудроста“ на... прочитај повеќе
Во годинава што изминува општествената одговорност еден од главните фокуси на Халкбанк
Халкбанк перманентно дава поддршка на најразлични сегменти од секојдневниот живот. Ги поддржува спортот, културата, екологијата,... прочитај повеќе
Иновации во дигиталните банкарски услуги – тренд или потреба?
Современите корисници на банкарски услуги сè повеќе користат дигитални технологии. Интернет банкарството стана стандард во... прочитај повеќе